Утрински Весник
Македонија

Возовите од Скопје до Велес и до Битола нема да сообраќаат до 10 јуни 2026 година

Voz.jpg

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови.

– Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот; возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот; возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување во 14:30 часот; возот број 2080 на релација Велес – Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот; возот број 2082 на релација Велес – Скопје со време на тргнување во 14:24 часот и возот број 642 на релација Жабени – Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот – се наведува во соопштението од Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје.

Можете да прочитате

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок

Собранието донесе одлука за прераспределба на буџетските средства

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишат декларација за изградба на брза пруга долж Коридорот 10