Утрински Весник
Македонија

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Prugi.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес.

Според возен ред од Железничката станица во Велес, овој воз требало да тргне во 6:27 часот.

Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти, или вработени во Скопје па имаат месечен или билет со попуст.

Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.

Инаку, утрово од Велес за Скопје тргнаа локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот

Можете да прочитате

Започнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на настава на 20 јануари

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место

СДСМ поднесува нова претставка до ЗНМ за заканите од Героски