Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) Ужасни сцени од масакрот во Кентаки: полицајци се приближуваат до банката, напаѓачот пука во нив

(Вознемирувачко видео) Ужасни сцени од масакрот во Кентаки: полицајци се приближуваат до банката, напаѓачот пука во нив

Банкарскиот работник кој отвори оган на своето работно место во Луисвил, Кентаки, во американската сојузна држава Кентаки, во нападот употребил пушка што легално ја купил една недела претходно, а целта му биле неговите колеги, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Објавено е и видео од нападот од полициските камери, на кое се гледаат хаотични сцени и како напаѓачот пука во двајца полицајци кои се обидуваат да го спречат нападот. Еден од полицајците бил застрелан во главата, јавува „Гласот на Америка“.

Началникот на полицијата во Луисвил, Жаклин Гвин Виларел, на прес-конференција рече дека напаѓачот купил полуавтоматска пушка на 4 април во локална продавница.

Едно видео покажува напаѓач со пушка опкружен со скршено стакло.

Од полицијата соопштија дека откако веќе пукал во луѓето во банката, поставил заседа за да ги нападне полицајците кои пристигнувале во банката. Полицијата во Луисвил го идентификувала напаѓачот како 23-годишниот Конор Старџен, кој од минатата година бил вработен во банката, каде што претходно бил практикант во три наврати.

Мотивот за ова масовно убиство не е познат. Напаѓачот го пренесувал нападот во живо.

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд