Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од убиството на познат фудбалер во Панама – убијците му пукале во грб

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од убиството на познат фудбалер во Панама – убијците му пукале во грб

Гилберто Хернандез, фудбалски репрезентативец на Панама, беше убиен во градот Колон на 3 септември, кога од непозната причина двајца напаѓачи отворија оган врз група луѓе, меѓу кои бил и фудбалерот.

dobivaj vesti na viber

Седум лица се повредени, додека Хернандез бил единствениот кој починал како последица на повредите.

Панамските медиуми објавија видео од нападот.

На снимката се гледаат луѓе како истрчуваат од возило, трчаат до група собрана покрај зграда и почнуваат да пукаат. Убиениот фудбалер и неговите пријатели бегаат додека убијците трчаат по нив, а не долго потоа, најверојатно поради тоа што Хернандез бил застрелан, напаѓачите побегнале.

Локалните медиуми претпоставуваат дека фудбалерот бил убиен од нарко-картел, а не се знае дали тој бил цел на нападот, или некој од негово друштво.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30