Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) Ајкула изеде турист во Хургада, таткото гледал беспомошно

Американка загина во напад на ајкула
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ужас во познатото египетско летувалиште Хургада. Ајкула нападна млад Русин (23) додека пливаше во водата.

dobivaj vesti na viber

Со момчето била и неговата девојка, која за среќа успеала да побегне.

Туристите со ужас од брегот гледале како тигарската ајкула го нападнала човекот пред да успее да го одвлече во водата. Туристот е по потекло од Русија и, според медиумите, долго време престојувал во Египет.

Неговиот татко го гледал фаталниот напад додека очајно извикувал „Тато, тато“ а предаторот го ловел, пренесува „Сан“.

На снимката која кружи на интернет се гледа како неговата девојка хистерично плаче на плажа додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.

Внимавајте, сцените од видеото може да бидат вознемирувачки.

На туристите кои го посетуваат одморалиштето забранет им е влез во водата.

Можете да прочитате

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро

Путин: Русија е подготвена за територијални отстапки во Украина