Утрински Весник
Македонија

Возило излетало надвор од коловоз во Кумановско, удрило во бетонска ограда и паркиран автомобил

Lenta Policija 4 1.jpg

Вчера во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „1“ во село Долно Којнаре, кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот И.М. од село Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка