Утрински Весник
Македонија

Возел пијан низ Охрид па удрил во паркирано возило

Policija 5.webp.webp

На 17.10.2025 во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено” без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши” со скопски регистарски ознаки.

При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.


Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата