Утрински Весник
Македонија

Возачот на заменик-министерот за култура уапсен во Тетово, попречувал работа на полицајци

Policija 3 1.jpg

Возачот на заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, како и внукот на возачот, вчеравечер биле приведени во полициска станица во Тетово затоа што влегле во расправија со полицајци и ги спречувале да ја вршат работата, објави „Сител“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Според телевизијата, полицајците го запреле внукот, кој се јавил да ургира кај возачот. МВР денеска соопшти дека двајцата ја попречиле работата на полицајците и им ја загрозиле безбедноста, поради што биле приведени, заедно со уште едно лице.

„На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствиа ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и прoтив нив ќе следува соодветен поднесок“, соопшти денеска полицијата.

Откако дел од медиумите објавија дека заменик-министерот за култура Сулејмани вечерта дошол пред полициската станица, тој за „Сител“ вели дека не бил пред СВР Тетово, туку во кафулето пред полициската станица – се интересирал што се случува со неговиот возач, но не интервенирал и не го оправдувал неговото однесување.

Јавен обвинител треба да одлучи дали за тројцата приведени што се расправале со полицијата и ги попречиле во работата ќе има прекршочни или кривични пријави.

Можете да прочитате

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ