Утрински Весник
Македонија

Возачи возеле 70 км на час над дозволеното: Рекордни 820 казни за брзо возење за само 6 часа

65 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Битола

Денеска во периодот од 11.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка