Утрински Весник
Македонија

Возач од струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци

Polici Aaa Scaled.jpg

 На 07.08.2024 околу 23.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон граничниот премин, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т. од с.Пиперево, струмичко.

Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.

Можете да прочитате

Петковски бара безбедност при работа да се учи уште во училиште

Петковски: Македонија троши 44 милиони евра годишно за осигурување од несреќи, но парите завршуваат во „буџетска дупка“

Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот