Утрински Весник
Македонија

Возач на автобус нападнал 79-годишен патник кој завршил во болница

Avtobusi Jsp3 22.08.2023 650x342 1.jpg

На 09.01.2026 околу 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Бањани, скопско, М.В.(79) од с.Бањани, бил физички нападнат од Г.Г., возач на автобус бр.61, во кој М.В. претходно се превезувал.

Откако се симнал од автобусот настанала расправија, по што бил нападнат од Г.Г. и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски протест во Скопје

ДЗР: Во Министерството за односи меѓу заедниците фалат 30 лап топи и илјадници евра за гориво

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не користи трагедии за добивање на политички поени