Утрински Весник
Македонија

Вовед во федерализација? Општините раководени од Вреди ќе ја финансираат албанската Академија за наука и уметност

Vlen.jpg
Dik 300x250 mk

Општините со кои раководат градоначалници од коалицијата „Вреди“ ќе ја финансираат идната Албанска Академија на науките и уметностите во Македонија.

Ова е одлуката на денешниот состанок на кој градоначалниците на општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир се согласија да обезбедат финансиска поддршка за албанската Академијата за наука и уметност во Македонија до моментот кога таа ќе добие државна помош.

Од таму очекуваат оваа иницијатива да добие и институционална форма, а градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, рече дека ќе ја поддржат идејата затоа што сметаат дека Албанците треба да бидат претставени соодветно и на академско ниво.

Според членовите на Академското здружение за наука и уметност на Албанците неопходноста за создавање Албанска академија е инертноста на МАНУ за реформи, а денешната средбата на градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир со членовите на Здружението се одржа во Тетово, каде што во иднина треба да биде и седиштето на Академијата.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош