
Пишува: Проф д-р Јове Кекеновски
Додека Република Македонија со сите сили се бори да излезе од мрачните лавиринти во кои не втурнаа аморфните политички циркузанти на СДСМ и ДУИ. Вчера или завчера наеднаш како печурка после дожд се појавува познат лик кој сака да нè убеди дека по заврушување на неговиот мандат, тој сега знаел и можел подобро. Замислете ова го кажува Стево Пендаровски, човекот кој на најбрутален начин ја изневери нацијата, Истиот тој Стево по поминато извесно време бесрамно излегува пред јавноста и надмено ни беседи како да ништо не било. Сака да нè убеди дека тој е гласот на разумот, на стабилноста, на некаква морална вертикала. А всушност е токму спротивното, симбол на молкот кога требаше да се покаже храброст кога требаше гласно и јасно да се зборува и да се брани достоинство, потпис на капитулација кога народот повикуваше на достоинство и отпор. Потпишуваше срамни договори и закони кога државата тонеше. Човекот кој се претставуваше како „непартиец“ кој бесрамно го лажеше народот кога велеше: „Душата ќе му ја извадиме на тој што ќе го смени името“, за да па потоа молчи со наведната глава, додека Заев го менуваше името, Уставот, го потпишуваше Преспанскиот договор, ја редефинираше историјата и идентитетот. И сега, одеднаш, сака да биде морален и правен арбитер? Да дава лекции и да биде гласот на „разумот“?. “Па људи моји дал је ово могуђе” што би рекол коментаторот Младен Делиђ….. Не, Стево. Нема веќе на кого да ја продаваш таа приказна,
Во последното интервју за DW Пендаровски се осмели да зборува за „колосално промашени политики“ на ВМРО-ДПМНЕ. Замислете симболот на пасивност и подаништво повторно, но сега како глас на поразената елита сака да се наметне како морален и правен корективи ни раскажува приказни за мали деца. Сака да покаже дека сега воскреснал, осозреал дека може да биде нов реформатор притоа заборавајќи дека тоа е само лична негова фикција бидејќи реформаторите мислат и говорат од убедување и знаење, а не од лична калкулација.
Овој човек доби сè од СДСМ (поддршка, кампања, партиска инфраструктура, лобирање), удобно живееше од нејзиниот политички капитал, но никогаш формално не стана нејзин член.Затоа ВМРО-ДПМНЕ со право го нарече: ,,Глас на поразената елита’’. Ја поддржа промената на името, молчеше на бугарските условувања, ги амнестираше криминалите со потпис на измените и дополнувањата на Кривичниот законик и др. И тука нема простор за релативизација затоа што Пендаровски е човекот кој со останатите функционери придонесуваше за тивка капитулација, која за наша среќанародот не му ја дозволи. И денес, наместо каење и извинување, ни продава аналитика и нуди решенија? Ни нуди пресметка со наводните „колосални промашувања на власта“, а притоа самиот, за време на својот мандат, со својот молк и потпис не само што беше соучесник, туку и активен покровител и креатор на серија стратешки и национални промашувања. И сето тоа од човекот кој ја искористи партијата како политички лифт и ја претвори функцијата претседател во мизерен административен додаток на владата.
Во ова интервју секој читател од прва може да препознае обид за повторно шлепање на грбот на СДСМ и да се нуди како ,,непартиски интелектуалец“ кога истата е клекната на нозе, кога лидерството е кревко, а Венко Филипче политички едвај стои на нозе. Полека, тивко, со калкулирана ароганција, сака да се врати на политичката сцена. Не за народот и за СДС, туку за себе. Затоа другари сдсмовци не дозволувајте повторно да ви се шлепа, додека од позадина си ја плете сопствената среќа.
Зарем на овој напатен народ повторно му е потребен зихераш и губитник без елементарно ниво на храброст, човек кој најмногу ќе се памети по реченицата: „Кај си, љубави“ упатена до бугарскиот премиер Б. Борисов. Токму таа реченица е политичко отелотворување на целиот негов мандат – сервилен, испразнет, нем, потчинет. Ниту една друга сцена не ја опишува толку прецизно неговата природа: да биде пријател со сите што го држат на функција, но никогаш цврсто да застане зад нив, а уште помалку зад својот народ. Тој е ист, непроменет, безгласен актер на политичката трагедија која нè донесе до тука. Човеков не заслужува ниту една секунда внимание и ниту милиметар простор за искажување. Ова е време на прочистување. Оние кои ја претворија функцијата претседател во глув потписник на туѓи интереси, не смеат да бидат иднина. Маската на Пендаровски одамна падна. Време е конечно и СДСМ да го види тоа.
Затоа, наместо да се јавува со „аналитички“ интервјуа, најдобро е молчи и да ја прифати пресудата од граѓаните којагласи:
Стево доволно беше. Седи таму каде што си, зошто за никаде си!