Утрински Весник
Македонија

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати.

dobivaj vesti na viber

Утрово полицијата го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани.

Можете да прочитате

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Падна група дилери: Запленета дрога, МВР и ОЈО разоткрија мрежа во Скопје и Куманово

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак