Утрински Весник
Свет

Вооружен напад во Шведска, неколку луѓе загинаа

Britanska Policija4.jpg

Неколку луѓе се убиени, а 15 се повредени во пукање во училиште во шведскиот град Еребро, јави Шведската телевизија (СВТ).

Претходно, шведските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил, но полицијата сè уште проверува дали напаѓачот е помеѓу жртвите.


Центарот за образование за возрасни каде што се случи нападот се наоѓа на периферијата на градот Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм.

Наставничка во образовен центар изјави дека поради државниот празник денеска имало невообичаено малку луѓе и потврди дека слушнала околу 10 истрели. Во центарот за образование на возрасни во Оребро, возрасните можат да посетуваат основно и средно образование, а странците можат да посетуваат курсеви за шведски јазик и стручна обука

Можете да прочитате

ЕУ итно добива нова членка ова лето?

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!