Утрински Весник
Свет

Вооружен до заби трчал по улица во Германија: на полициската акција и претходела семејна драма

Police 70665961920 830x553 1.jpg

Германската полиција синоќа застрела 48-годишен маж кој трчал по улица вооружен со пиштол во град во близина на Фрајбург. На полициската акција и претходела семејна драма, бидејќи осомничениот брутално ја претепал партнерката и нивниот син (10) и пукал во вратата од собата во која се заклучиле жената и детето.

Соседите слушнале истрели и врескање на детето, по што притрчале да помогнат. Итната помош претходно ја повикала жртвата, жена (47), која пријавила дека таа и нејзиниот син (10) биле брутално претепани од нејзиниот партнер, таткото на детето.


Според пишувањата на медиумите, по страотниот напад жената побарала засолниште со своето дете во спалната соба, каде што се заклучила. За тоа време пријавениот кршел се во куќата и се обидувал да ја скрши вратата. Кога не успеал, грабнал пиштол и пукал кон бравата.

Детето врескало, а потоа замолчело од шок. Сосед, кој слушнал што се случува во станот, успеал да се прекачи со скала и да го спаси детето низ прозорецот од станот на првиот кат.

Осомничениот потоа лут и вооружен го напуштил станот и почнал да бега по улицата. Токму тогаш пристигнала патролата. Бидејќи мажот постојано ги игнорирал полициските наредби да го фрли оружјето, на крајот бил застрелан. Кај него биле пронајдени пушка и револвер.

Медиумите јавуваат дека детето е хоспитализирано. Осомничениот и претходно и бил познат на полицијата за бројни кривични дела, меѓу кои и нанесување тешки телесни повреди и кршење на законот за огнено оружје, поради што добил забрана за поседување и носење оружје.

Можете да прочитате

Деновиве ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија

Неколку дена пред изборите во Германија, ЦДУ е под прагот на поддршка од 30 отсто, покажува анкета

Трамп нареди затворање на базата на податоци за полициска злоупотреба во САД