Утрински Весник
Свет

Вонредно исклучување на електричната енергија поради нови напади во Киев

Вонредно исклучување на електричната енергија поради нови напади во Киев

Во Киев денеска ќе бидат воведени итни прекини на електричната егенргија поради новите напади на руските сили врз енергетски објекти.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопшти генералниот директор на енергетскиот оператор YASNO, Сергиј Коваленко.

„Синоќа имаше нови напади врз енергетските капацитети на Украина“, рече Коваленко, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека денес во Киев ќе има вонредни исклучувања во значителен обем.

Во главниот град на Украина во последните три дена се применуваа само планирани исклучувања заради стабилизација, а бројот на исклучени потрошувачи од ден на ден се намалува.

Со тоа, 904.000 потрошувачи биле исклучени од мрежата во вторникот, а 746.400 во четвртокот, јави „Интерфакс Украина“.

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд