Утрински Весник
Македонија

ВОНРЕДНО: Екстремно во Македонија, во петок и во сабота температури до околу 45 степени!

850temp 20250722 00 087.jpg

Овој екстремно топол бран во нашата Република Македонија ќе го достигне својот максимум во петок и во сабота (25 и 26 јули) кога температурите ќе бидат дури и повисоки од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 38 до 43 степени, а во Повардарието локално температурите ќе се искачат дури и до околу 45 степени.

Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.


Во Скопскиот регион исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачи до близу 45 степени. Повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Пад на температурите, освежување на времето и локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе имаме од недела (27 јули) во попладневните и во вечерните часови.

Можете да прочитате

Нов земјотрес пред полноќ во Македонија

Скопје и Тетово вечерва меѓу најзагадените градови – Македонија вечерва на второ место во Европа по загаденост

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот – власта зборува за развој, опозицијата за предизборен поткуп