Утрински Весник
Балкан

Вонредна состојба е прогласена во дел од областа Атика поради невреме

Nevreme369.jpg

Вонредна состојба е прогласена во општините Глифада и Вари-Вула-Вуљагмени во областа Атика поради невреме.

Во двете општини невремето остави сериозна материјална штета, а во Глифада животот го загуби 56-гoдишна жена во обид пеш да помине една од поплавените улици..

Одлука за воведување вонредна состојба е во траење од три месеци.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека „вчера не беше ден во кој едноставно врнеше дожд“, со оглед на тоа што на многу места наврнаа исклучително големи количини дожд.

– Сведоци сме на временски појави со јачина каквa што немаше во претходните години, затоа евалуациите, превентивните забрани за движење и сите известувања што им се испраќаат на граѓаните се од витално значење. Вчера беше испратена порака за ограничување, односно да нема никакво движење за време на развојот на временските појави. Овие пораки се испраќаат затоа што, едноставно, во некои области недвижењето може да спаси човечки живот. Фактот што постои овој механизам, што се испраќаат сите овие пораки, што постојат процедури за евакуација, е нешто што нашата земја порано го немаше, а сега веќе го има, и во многу случаи на наши сограѓани се покажа како спасоносно за нивните животи, рече Маринакис одговарајќи на новинарско прашање за пораките од бројот 112 испратени до жителите на Атика рано наутро и околу девет часа пред почетокот на невремето. 

Можете да прочитате

За 4,9% зголемен патничкиот сообраќај на 39 аеродроми во Грција

Наместо вода, погрешка баба му дала на дете да се напие бензин

Студентскиот пленум на Универзитетот во Нови Сад изгласа бојкот на наставата