Утрински Весник
Македонија

Вонредна контрола во затворот во Струмица – пронајдени мобилни телефони кај затвореници

Img 2688.jpeg

Управата за извршување санкции соопшти дека денеска била спроведена вонредна контрола во Казнено-поправната установа Затвор Струмица. Контролата ја извршиле службени лица од Управата и интервентен вод, при што биле извршени детални претреси во сите спални соби.

„При претресот се пронајдени три мобилни телефони, од кои два биле без познат сопственик, додека за еден е утврдено кој го поседувал“, информираат од Управата.


Одземените телефони се запленети, а против осуденото лице кое поседувало еден од уредите ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Оваа контрола е дел од засилените активности за спречување на нелегално внесување и користење на забранети предмети во затворите низ државата.

Можете да прочитате

ЛДП: Наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!

Два дена посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга

Се кратат парите, со Борко и криминалната ВМРО македонскиот спорт оди кон пропаст