Утрински Весник
Свет

Вон контрола големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Atina Pozar.jpg

Ситуацијата и понатаму е опасна бидејќи пожарот се шири меѓу куќи и има предизвикано и штета, истакна вечерва портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информирајќи за големиот пожар во источниот дел на областа Атика, што сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

На терен се 400 пожарникари, со 14 пешадиски тима и 110 возила, како и голем број волонтери, додека со заоѓањето на сонцето, прекина и интервенцијата од воздух, а претходно пожарот го гаснеа 29 средства, односно 16 авиони 13 хеликоптери.

Поради пожарот, што ветерот експресно го прошири, како што рече Ватракојанис, беа испратени вкупно девет пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите на населени места што се во близина.

-Имаше и многу спасувања на граѓани кои останаа заробени бидејќи не сакаа да се евакуираат. Затоа, со оглед на тоа што во многу случаи за време на операциите, заробени беа и пожарникари и бидејќи според прогнозите, ветровите ќе останат силни и во наредните часови, го повторуваме апелот до жителите од областите каде што шири пожарот да ги следат инструкции на надлежните органи, истакна Ватракојанис.

Во евакуацијата на жителите на зафатените подрачја од пожарот, вклучена е и полицијата, а полицајци одат од куќа до куќа, од врата до врата за евентуално спасување на граѓани.

Паралелно, како што соопшти министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, два здравствени центри во пошироката област и две болници во Атина се во состојба на зголемена готовност, доколку биде потребна хоспитализација на повредени граѓани.

Засега, регистрирани се само неколку случаи на граѓани кои побарале помош со проблеми со дишењето поради густиот чад.

Иако пожарот е на околу 40 километри од центарот на Атина, чадот го покри небото во целата област Атика, а според Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, се простира во должина од околу 100 километри.

Можете да прочитате

(Видео) Гори во кругот на нуклеарната централа Запорожје

Русија употреби термобарична бомба во Курск

Селин Дион лута на Трамп затоа што користел нејзина песна во кампањата