Утрински Весник
Свет

„Волстрит џурнал“: Се плашат ли Русите од најмоќното оружје на Украина, 90 отсто од нивните авиони се преместени надвор од дострелот на непријателските проектили

Screenshot 2024 08 30 103447.jpg

Русија оддалечи 90 отсто од своите борбени авиони од границата со Украина за да бидат надвор од дофат на ракетите од типот ATACMS, кои властите во Киев ги добија од сојузниците.

Како што пренесува „Волстрит џурнал“, се чини дека Русија се плаши од најмоќното оружје на Украина, кое го доби од западните сојузници.

Дневник се повикува на американски функционер кој сакал да остане анонимен, кој имал увид во разузнавачкиот извештај за состојбата на фронтот. Дострелот на американските ракети ATACMS е 185 милји (нешто помалку од 300 километри), тие се многу прецизни и украинските вооружени сили успешно ги користеа во неколку наврати.

Извештајот на американскиот дневник дојде во време на заладени односи меѓу Вашингтон и Киев, бидејќи украинските власти долго време инсистираат на добивање одобрение од САД за употреба на нивното оружје за гаѓање цели длабоко во руската територија.

Порталот Политико објави дека Русија ги преместила само борбените авиони способни да носат таканаречени „клизни бомби“, што се покажало како оружје против кое украинските војници се уште немаат соодветно решение.

И покрај тоа што Русија ги премести авионите подалеку од границата, барањата на Киев за добивање дозвола од Вашингтон не престануваат, наведува „Бизнис инсајдер“.

„Оние кои ги бранат своите животи не треба да имаат ограничувања поврзани со оружјето, додека од друга страна Русија користи секакви видови оружје“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Институтот за проучување на војната објави во извештајот на почетокот од оваа недела дека во домет на ракетите ATACMS се најмалку 250 значајни воени цели во Русија. Но, поради наметнатите ограничувања, на Украинците им е дозволено да гаѓаат само кон 20 од нив.

Експертите претходно изјавија дека укинувањето на ограничувањата ќе ја принуди Русија да ги прошири своите воени капацитети на поголема област. Телеграф и Фајненшл тајмс во вторникот објавија дека претставници на британската влада приватно побарале од САД зелено светло за да и се дозволи на Украина да ги користи своите ракети „storm shadow“ на руска територија.

Можете да прочитате

Норвешката принцеза се омажи за американскиот шаман

Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк