Утрински Весник
Спорт

Волшебникот Лука Дончиќ донесе триумф за Словенците против Франција

Волшебникот Лука Дончиќ донесе триумф за Словенците против Франција
Dik 300x250 mk

Неверојатниот Лука Дончиќ ја предводеше Словенија до триумф (88:82) против Франција во дуелот за првото место во групата Б од Евробаскет. Постигна 47 поени, една „луда тројка“, делеше асистенции, нижеше скокови. На крајот, можеби Чанчар ги постигна решавачките поени за да го скрши отпорот на Французите во финишот од мечот.

dobivaj vesti na viber

Франција почна подобро, но се загреа Дончиќ, па Словенците го комплетираа првиот период со еден поен позитива. На полувреме зголемија на четири поени предност (44:40).

Франција возврати во третата четвртина и во последните десет минути се влезе во егал. Сепак, Дончиќ и друштвото беа поснаодливи и на крајот остварија важна победа.

Лука Дончиќ имаше 47 поени, седум скока и пет асистенции, а играше безмалку 39 минути. Кај Французите, Руди Гобер имаше ефект од 19 поени и осум скока.

 

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс