Утрински Весник
Свет

Володин: Леопардите ќе бидат уништени како и фашистичките тигри

Володин: Леопардите ќе бидат уништени како и фашистичките тигри

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин изјави дека тенковите што Германија ќе и ги испорача на Украина ќе ја доживеат истата судбина како оние од Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Тој објави порака на каналот Телеграм по повод 80-годишнината од битката кај Сталинград.

„Како што покажа историјата, не сите ги научија лекциите од уништувањето на нацистичка Германија во Сталинград“, рече тој, пренесува Спутник.

„Поранешната канцеларка Ангела Меркел, додека беше на функцијата, ја мамеше меѓународната заедница и сопствениот народ, му помогна на режимот во Киев да се подготви за војна. Актуелниот канцелар Олаф Шолц отиде чекор понатаму донесувајќи одлука да испрати германски тенкови во војна против Русија. Нивната судбина ќе биде иста како пред 80 години. „Леопардите“ ќе бидат израмнети исто како и фашистичките „тигри““, рече Володин.

Претседателот на Думата додаде дека германските власти треба да се сеќаваат на 1943 година и да објаснат на нивните граѓани зошто повторно го воведуваат германскиот народ во војна,пренесе Политика.рс.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години