Утрински Весник
Свет

Волмарт им дава до 500 долари на своите муштерии за вештачко покачување на цените

20240406145204 Big 730x400 60.webp.webp

Муштериите на супермаркетот Волмарт во САД може да добијат до 500 долари оштета од овој продавач на стоки за широка потрошувачка по тужба дека некои производи ги наплаќала повеќе од потребното.

Обвинението, првпат поднесено во 2022 година и изменето во 2023 година, тврди дека Волмарт „лажно пумпала“ цени на некои намирници што се продавале на кило, вклучувајќи ги оние кои биле на „попуст“.

Според тужбата, од Волмарт укажувале на неточна тежина на намирниците ставени во ќеси како портокали, грејпруфт или мандарини. Се наведува дека купувачите биле измамени да мислат дека плаќаат цени со попуст на такви продукти како месо, пилешко или морски плодови.

Волмарт сепак се одлучи на вонсудска спогодба и да плати 45 милиони долари оштета на муштериите, и отфрли дека се правеле некакви махинации со цените. Компанијата во изјава укажа дека секогаш работи на тоа нејзините муштерии да пазаруваат по најниски цени и со тоа да заштедат.

-Се уште ги отфрламе сите наводи против нас, но сметаме дека спогодба е во најдобар интерес за двете страни, соопшти синоќа компанијата.

Според условите на решението, секој купувач на Волмарт кој од октомври 2018 до јануари 2024 купил спкаувани во кеси портокали и друго јужно овошје во која и да било продавница во САД и Порторико има право да добие исплата.

Исплатите би биле во висина од 10 долари без фискална сметка, но купувачот треба да докаже дека во наведениот период купил 50 намирници и/или јужно овошје во кеси. Ако во наведениот период купил од 51 до 75 намирници ќе добие 15 долари исплата. Ако купил од 76 до 100 намирници, може да се добие 20 долари исплата. Би се добила исплата од два отсто од значајна количина на измерени намирници и јужно овошје во кеси или најмногу до 500 долари.

Фискалните сметки можат да се симнат од веб-страната на Волмарт и барањето за исплата може да се остави и онјлан или по пошта најдоцна до 5 јуни 2024 година.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници