Утрински Весник
Свет

Волк на имотот на Фон дер Лаен, го нападнал и убил понито на претседателката на ЕК

Волк на имотот на Фон дер Лаен, го нападнал и убил понито на претседателката на ЕК

Саканото пони на Урсула фон дер Лаен било убиено од волк на нејзиниот имот во Германија, пишуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на Европската комисија во петокот ја примила веста дека нејзиното пони Доли е убиено од волк на нејзиниот имот во близина на Хановер.

Локалниот градоначалник го обвинил државното министерство за животна средина за инцидентот, додека министерот ги повикач федералните власти во Берлин да ја поедностават процедурата за убивање волци кои премногу се доближуваат до луѓе или добиток.

„Целото семејство е страшно вознемирено од веста“, изјавил за медиумите портпаролот на Фон дер Лаен. Сопругот на претседателката на Европската комисија го открил убиеното коњче наутро, пренесува RT.

Имаше неколку локви крв што може да укажуваат на болна смрт, изјавиле соседите. Точните околности на инцидентот се уште ги истражува Министерството за земјоделство. Во оградената област до местото на инцидентот имало уште еден коњ со ждребе. Тие наводно не се повредени.

Кристијан Буде, портпарол на Министерството за животна средина во Хановер, изјавил дека „многу е веројатно дека виновникот за нападот бил волк поради каснувањето“ и дека се земени примероци од ДНК од две други коњчиња во блискиот Лехрте пред речиси две недели.

Градоначалникот на Бејнхорн, Клаус Конеке, рекол дека жали за немилиот инцидент, но го обвинил шефот на Буде, министерот за животна средина на Долна Саксонија, Олаф Лис.

Околу 40 глутници волци талкаат во Долна Саксонија од август, соопштило министерството, повикувајќи се на проценки на локалните ловечки здруженија и опишувајќи ги животните како ненаметливи.

Фон дер Лаен поседува имот во близина на Хановер каде што чува коњи и ждребиња со децении. Таа е претседател на Европската комисија од 2019 година. Пред тоа, таа беше министерка во сојузната влада речиси 15 години.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола