Утрински Весник
Свет

Воената хунта назначи нова влада во Нигер, се чека одговор од Западноафриканските земји

Воената хунта назначи нова влада во Нигер, се чека одговор од Западноафриканските земји

Хунтата во Нигер назначи нова влада, пред денешниот самит на регионалните лидери кои побараа прекин на военото преземање.

dobivaj vesti na viber

Денес ќе се одржи состанокот на западноафриканските шефови на држави во Нигерија, за да се постигне договор за планот за акција во Нигер, каде што хунтата одби да се повлече и покрај заканата на блокот дека може да употреби сила за да ја врати демократијата, пренесува „Ројтерс“.

Хунтата го игнорираше рокот до 6 август, даден од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) да го врати соборениот претседател Мохамед Базум.

Махамане Руфаи Лауали, претставен како генерален секретар на новата влада, прочита 21 име на телевизија, како нови членови на владата.

Тројцата водачи на пучот беа именувани за министри за одбрана, за внатрешни работи и за спорт во новата влада која е околу половина од претходната.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази загриженост за Базум и неговото семејство откако неговата партија објави дека со денови се држат во претседателската резиденција без струја или вода и без свежа храна.

„Генералниот секретар, уште еднаш повикува на негово итно, безусловно ослободување и негово враќање на функцијата шеф на државата“, изјави вчера портпаролот на ОН.

Се очекува на средбата водачите на ЕКОВАС да се договорат за следните чекори, кои би можеле да вклучат воена интервенција, што официјален претставник на ЕКОВАС го посочи како последно средство.

ЕКОВАС, Обединетите нации и западните земји вршат притисок врз хунтата да се повлече, додека воените влади во соседните Мали и Буркина Фасо ветија дека ќе ја бранат.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk