Утрински Весник
Магазин

Водич од Непал ќе се искачи на Еверест по рекорден 27. пат

Водич од Непал ќе се искачи на Еверест по рекорден 27. пат

Ками Рита, планински водич од Непал, кој го држи светскиот рекорд за најуспешни повеќекратни искачувања на Монт Еверест, најави дека ќе го собори сопствениот рекорд со тоа што ќе се искачи на врвот на највисоката планина на планетата по 27. пат следниот месец.

dobivaj vesti na viber

„Ќе се искачам на Еерест по дваесетиседми пат, и датумот на мојот успон ќе биде во третата недела на мај,“ рече тој.

Ками ќе се упати кон регионот на Еверест следната недела за да предводи тим од 12 луѓе од Кина и Америка.

Медиумите пренесуваат дека десетици авантуристи одат во регионот на Еверест со свежи надежи, сништа, и ентузиазам. Тие ќе се аклиматизираат еден месец на падините на Еверест, а искачувањето ќе почне во средината на мај.

Во Гинисовата книга на рекорди пишува дека Ками Рита се искачил на Еверест за првпат на 13 мај 1994 година, кога имал 24 години.

Оттогаш, го освојува тој врв секоја година.

Доколку успешно го спроведе планот, 53-годишниот Непалец ќе го собори рекордот по бројот на искачувања на Монт Еверест од поединец, кој се уште го држи тој самиот.

Роден е во подножјето на Еверест во етничката заедница Шерпа.

Луѓето од оваа етничка заедница живеат во подножјето на оваа планина и, поголемиот дел од нив работат како планински водичи за странците кои се искачуваат. Медиумите откриваат дека овие луѓе не брзаат никаде, освен наутро кога се возбудени да го започнат или продолжат патот кон врвот. Речиси секој ден, тие јадат ориз подготвен на пареа, супа и зеленчук. Главниот пијалок е црниот чај.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста