Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Водата стигна до ѕидовите на Таџ Махал: Апокалиптични сцени од Индија, десетици илјади луѓе во опасност

Водата стигна до ѕидовите на Таџ Махал: Апокалиптични сцени од Индија, десетици илјади луѓе во опасност
Img 7972

Големите поплави кои ја погодија северна Индија стигнаа до ѕидините на легендарниот Таџ Махал, што е реткост, а експертите предупредуваат дека може да стане редовна појава, бидејќи климатската криза носи се поекстремни временски услови.

dobivaj vesti na viber

Водата од реката Јамуна стигна до ѕидовите на споменикот и најголемата туристичка атракција во Индија, покажаа фотографиите на социјалните мрежи. Градината зад Таџ Махал е исто така под вода, но Археолошкиот институт на Индија, кој е задолжен за споменикот, рече дека Таџ Махал не е загрозен од сегашните поплави, објави Си-ен-ен.

Експертите велат дека ретко се случува поплавите да стигнат до надворешните ѕидови на комплексот, кој бил изграден во 17 век во близина на градот Агра во северната држава Утар Прадеш од страна на император од Могал во чест на неговата сопруга која рано починала.

Таџ Махал секоја година го посетуваат милиони туристи.

Поплавите се редовна појава во овој дел на Индија за време на сезоната на монсуните од јуни до септември, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат нивната фреквенција и сериозност.

Реката Јамуна, притока на реката Ганг, го достигна своето највисоко ниво во историјата, соопштија властите минатата недела. Десетици луѓе загинаа во големите поплави, а илјадници беа евакуирани. Индија е една од најпогодените земји од климатската криза, според Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Неколку делови од северна Индија, вклучително и Агра, и понатаму се изложени на висок ризик од поплави во наредните недели поради континуираните обилни врнежи, соопштија властите.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот