Утрински Весник
Свет

(Во живо) Прво обраќање на Вучиќ за немирите во Косово

(Во живо) Прво обраќање на Вучиќ за немирите во Косово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, се обраќа за немирите што од синоќа се случуваат на северот на Косово, кај селото Бањска.

dobivaj vesti na viber

  • Според досегашните информации на властите во Приштина, вооружена група пукала кон косовски полицајци, пришто еден загина, а други двајца беа повредени.
  • Во престрелките што траеа во текот на целиот ден, според информациите на косовската полиција, застрелани беа три лица од вооружената група, а приведени петмина.
  • Меѓународната заедница ги осуди нападите.
  • Вооружената група потоа упадна во дворот на Бањскиот манастир, а верниците и свештените лица останаа внатре. Рашко-призренска епархија по неколку часа објави дека групата се повлекла и во манастирот е мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.
  • Косовскиот премиер, Албин Курти, за состојбата на северот директно ја обвини Србија дека ги финансирала и поддржала напаѓачите, опишувајќи ги настаните како терориризам.
  • Во близина на манастирот, во хотел има и седум македонски државјани, меѓу кои и дете. Косовска полиција го обезбедува хотелот, велат од МНР.

Можете да прочитате

Родригез: Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“

Трамп: САД „не се плашат од чизми на земја“ во Венецуела

Реакции на Париз, ОН, Данска, ЈАР по воената операција на САД во Венецуела