Изминативе денови добив јавна поддршка за номинација за втор мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат, но, и не мал број на оние кои лично не ме познаваат, на сите нив, сакам да им се заблагодарам за довербата која ја имаат кон мене и за поддршката, рече денеска на прес конференција претседателот Стево Пендаровски.
Пендаровски побара широка граѓанска поддршка за неговата кандидатура и ги повика граѓаните да ја поддржат преку потписи.
Како што најавив поодамна, станува збор за граѓанска кандидатура и поради тоа ги повикувам сите граѓани, понувајќи од трети март, недела, да дадат подршка за мојата кандидатура со давање на потписи во подрачните единици на ДИК.
Пендаровски најави дека во недела ќе присуствува и на Конгресот на СДСМ, а освен од владејачката, очекува поддршка и од 12 други политики партии.
„На 3 март, во недела, според информациите, очекувам СДСМ да ја формализираат својата поддршка за мојата кандидатура, а, веднаш потоа, од понеделник тоа да го направат и најмалку 12 политички партии од таа коалиција. Во недела ќе присуствувам на конгресот на СДСМ во тој дел, да се заблагодарам на поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите 12 политички партии кои најавија поддршка за мојата кандидатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози кои би можел да ги вградам во мојата изборна програма“ порача Пендаровски.