Утрински Весник
Македонија

Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит

17072024 Dimitrieska Kocoska Pres 2 Scaled.jpg

Во вторник, во Будимпешта, ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит од половина милијарда евра, кој ќе ја обезбеди поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо почнување на реализацијата на проектите. Министерката најави дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Ова финансирање е дел од договорот што го постигна премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола