Утрински Весник
Македонија

Во вторник директорката од Демир Хисар и адвокатот на информативен разговор во МВР

Img 3722.jpeg

Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп денеска преку соопштение ја информира јавноста и медиумите за следните чекори во врска со случајот со директорот на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, во чии простории на 8 август 2025 година беше извршен полициски претрес по наредба на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола.

Според соопштението, на 12 август во 09:30 часот, директорот заедно со својот адвокат ќе се јави на поканата за информативен разговор во просториите на МВР – ОВР Демир Хисар. По завршувањето на разговорот, од началникот на ОВР ќе биде побарано во негово присуство да се влезе во училиштето, со цел да се утврди кој престојувал во училишните простории на денот на претресот и да се расчистат сите спорни прашања околу законитоста на постапката.


Адвокатот бара да се утврди врз основа на чија пријава и на кои докази ОВР Демир Хисар пред Основното јавно обвинителство – Битола го формирало „веројатниот основ за сомневање“ за сторено кривично дело, по што судот ја издал наредбата за претрес.

– Јавноста и медиумите се поканети да бидат присутни и пред ОВР Демир Хисар во 09:30 часот, а потоа и во СОУ „Крсте Петков Мисирков“, за да добијат целосни информации за, како што наведува, „предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на градоначалникот на Општина Демир Хисар“ – стои во соопштението на адвокатот Стеваноски.

Тој на крај упати благодарност до медиумите за интересот, оценувајќи дека јавната поддршка е важна во заштитата на основните човекови права.

Можете да прочитате

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот од Демир Хисар е разрешен, ова е морал и принципи на дело