Утрински Весник
Свет

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација

Korea.webp.webp

Северна Кореја, според сателитски снимки, без претходно известување испуштила вода од брана северно од границата со Јужна Кореја, а поради зголемувањето на нивото на реката Имџин, населението доби предупредување за евакуација, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Во соопштението на јужнокорејското Министерство за клима, енергетика и животна средина се наведува дека сателитските снимки направени околу 23:00 часот минатата ноќ покажуваат знаци на испуштање вода од брана која се наоѓа на реката Имџин, пренесува агенцијата Јонхап.


Нивото на водата на мостот Пилсеунг, најсеверната точка на реката Имџин во Јужна Кореја, се зголемило за еден метар околу полноќ и достигнало пораст од 1,86 метри до 10:50 часот по локално време, според податоците на округот Јончон и операторот на брана Гунам.

Провинцијата Гјонги, најнаселената провинција во Јужна Кореја, и округот Јончон испратија СМС-предупредувања со повик до посетителите и жителите во близина да се евакуираат.

Се претпоставува дека Северна Кореја испуштила вода за да го контролира нивото на водата во граничните брани, поради обилните врнежи кои го погодија регионот пред два дена.

Северна Кореја од 2009 година се согласи да испраќа известувања пред испуштање вода од браната Хванган, а таквите известувања до Јужна Кореја се испраќани повремено до 2013 година.

Можете да прочитате

Во Германија најдени големи резерви на литиум

Брачниот пар Клинтон бара јавно да сведочи за врските со Епстин

Четири лица починаа по труење со печурки во САД