Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

Turisti Vo Skopje.jpg
Dik 300x250 mk

Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34 366 се од Турција, по што следи Србија со 8 897, Германија со 8 011 и Холандија со 3 604 туристи.


Во првите шест месеци од годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 13,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските зголемување за 19,7 проценти. Зголемување од 8,5 отсто во споредба со првите шест месеци од 2024 година има и кај бројот на ноќевања при што кај домашните туристи има намалување за 1,1, а кај странските зголемување за 13,3 отсто.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени