
Произведената електрична енергија во јули годинава е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458 478 MWh, што претставува 8.8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јули 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 421 489 МWh електрична енергија, 25.599 милиони nm3 природен гас, 357 665 тони јаглен и 112 946 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.