Утрински Весник
Македонија

Во тетовската модуларна болница, која изгоре, вработени ја спроведувале струјата, и тоа без елаборат, покажало вештачењето

Во тетовската модуларна болница, која изгоре, вработени ја спроведувале струјата, и тоа без елаборат, покажало вештачењето

Вештакот Ирфан Шаќири, кој го изработи вештачењето за инсталацијата во тетовската модуларна болница, која се запали, пред судот сведочеше дека таа е изведена од вработени во болницата, без надзор од стручни лица. Според него и неговото вештачење, постапката за поставување на инсталациите не е според законските прописи за ваков тип градба. Вештакот беше дециден дека инсталацијата била реализирана со недостиг и на голем број документи, кои биле потребни да се поседуваат.

dobivaj vesti na viber

„Приклучувањето на објектот на мрежа е без елаборат, кој е неопходен. Изведбата е без овластени електроинженери, кои имаат овластување од Комората за електроинженери“, посочи, меѓу другото, вештакот пред судот.

Модуларната болница, која изгоре, е конструирана од компанијата „Брако“, чија единствена должност била да го направи и монтира објектот.

„Од нивна страна нема елаборат за електрична инсталација“, додаде вештакот.

Како и на изминатите судења, така и денеска, пред судот имало група граѓани што протестираат оти обвинет е и докторот Бобан Вучевски. Тие сметаат дека тој не треба да биде гонет.

Можете да прочитате

Со смртни закани барал 3.000 евра од градоначалник – се бара притвор за едно лице од Неготино

Бујар Османи: Секој ден ни испраќаат емисари да влеземе во Владата по локалните избори

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани