Утрински Весник
Македонија

Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Policija 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози, извести МВР.

Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање (213), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (117), како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола (110).


Покрај ова, вчера беа изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.

Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 25. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште