Утрински Весник
Македонија

Во текот на новата седмица не очекува променливо и поладно време, по котлините со појава на долготрајна магла!

Magla Avtopat 1.jpg

Во текот на новата седмица во Македонија ќе имаме променливо време со сончеви периоди, а ќе биде претежно тивко. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег.

Сепак во текот новата седмица во котлините ќе има појава на магла  и ниска облачност, која понекаде, особено во Скопскиот регион и во котлините Долж Повардарието ќе се задржи и во поголемиот дел од денот и истата ќе условува пониски температури на воздухот.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, локално и под нулата, особено на повисоките  и планинските места, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски, особено од средината на седмицата кога ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.

Се на се, во текот на седмицата која ни претстои не се очекуваат некои нови пообилни врнежи од дожд и снег, освен од средината на истата кога ќе бидеме под влијание на поладен воздух од север.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?