Утрински Весник
Македонија

ВО ТЕКОТ НА НОВАТА РАБОТНА СЕДМИЦА ОЧЕКУВАЈТЕ НОВО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе има чести врнежи и грмежи, а кон крајот на работната седмица следува осетен пад на температурите

Ecm1 120.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, во текот на новата работна седмица во Македонија особено во попладневните  и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на невреме.

Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а позначително ќе опаднат кон крајот на работната седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интевалот помеѓу 10 и 19 степени.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила