Утрински Весник
Свет

Во текот на ноќта соборени над 100 украински дронови, запалена рафинерија во Нижни Новгород

Image 2025 01 29 103803262.png

Руското Министерство за одбрана утринава објави дека 104 украински дронови биле соборени во текот на ноќта над нејзините девет зони, во еден од најголемите такви напади на руска територија од почетокот на конфликтот.

Системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 104 дронови, од кои најголем број, 47, биле во областа Курск, соопшти Министерството преку Телеграм.


Киев вели дека контролира стотици квадратни километри во областа од ненадејната офанзива започната во август минатата година.

Киев ги засили воздушните напади врз руските енергетски и воени објекти во последниве месеци, во кампања опишана како праведен одговор на континуираното руско бомбардирање на украинските градови и нејзината енергетска мрежа.

Во Белгородската област, каде според руското Министерство за одбрана беа пресретнати четири украински авиони, еден цивил е ранет во напад на станбена зона во градот Грајворон, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладгов.

Во регионот Нижни Новгород, остатоци од дрон предизвикаа пожар во рафинерија, објавија локалните власти и медиумите.

Фрагменти од дронот паднале во периметарот на фабрика во индустриската зона Кстово, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Глеб Никитин. Тој додаде дека пожарникарите го гаснат пожарот и оти според првичните информации нема повредени.

Локалните медиуми јавуваат дека е погодена рафинеријата за нафта во Кстово.

Москва, исто така, објави дека 11 дронови биле пресретнати во регионот Смоленск, вклучително и еден обид за напад на нуклеарен објект, кој не бил оштетен, изјави локалниот гувернер Василиј Анохин преку Телеграм. 

Можете да прочитате

Нема преживеани во сударот меѓу патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и воениот хеликоптер над Вашингтон

Најмалку 30 тела извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал