Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Mspdm.webp.webp

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден (05.03.2025 година),  започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Февруари 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од  банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од  05 Март 2025 година.


Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата  се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 

05.03.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

06.03.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Најчевска: Со намалувањето на казната за Боки 13 се дезавуира правото, се промовира дискриминација врз основа на имотна состојба

Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот