Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплата на една финансиска помош

Denari Pari.jpg

Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека денес отпочна реализацијата на исплатата на надоместоците од социјална, детска и граѓанска заштита за месец април 2025 година.

MK Summit

Од Министерството наведуваат дека корисниците на финансиски надоместоци кои имаат дебитна картичка, ќе можат да подигнат пари од банкоматите на банките, да ги искористат средствата за плаќања без готовина во трговската мрежа или преку електронско и мобилно банкарство почнувајќи од денес, 5 мај 2025 година.


Со цел да се спречи гужва пред и во банките при исплаќањето на надоместоците, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се изврши во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според почетната буква од презимето, и тоа:

05.05.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
06.05.2025 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

“Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 05,05. 2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ06,05. 2025 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.”

Можете да прочитате

Прва награда за авторот на фотографијата „Татко – Кочани”

За една деценија бројот на првачиња кои ќе се запишат во Кочани се намалил за 20 отсто

Поранешни началници на МВР под истрага – сомнение за злоупотреба на службена положба