Утрински Весник
Македонија

Во тек е акредитација на набљудувачи на локалните избори

Izbori e1735890132532.webp.webp

Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола.

Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми. Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страната www.sec.мк.


Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата observers@sec.mk, најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 08 октомври 2025 година до 24.00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.

Можете да прочитате

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема

ДУИ: ВРЕДИ го брани планот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на советниците Албанци

Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје