Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе до крајот на месецов се пријавуваат штетите од големиот пожар

Pozhar 1.webp.webp

Изгорени се 50 куќи, трактори, земјоделска механизација, плевни во големата огнена стихија во Општина Свети Николе, која се случи на крајот на јули. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев вели дека ова се првичните анализи и според она што досега граѓаните го пријавуваат како штети од големиот пожар во Светиниколско, а кој зафати и три села.

-Се пријавени околу педесетина куќи. Во дел од нив се живеело, а има и такви кои периодично ги користеле, најчесто за викендите. Има изгорено околу 30 плевни, 10 машини од земјоделска механизација, пчелни семејства. Има голема штета на територијата на опожарени подрачја, изјави Владев.

Тој посочува дека најголемата битка со огнот била во село Немањици, кога и дописничката на МИА беше сведок на огнената стихија и битката со неа од страна на пожарникарите, месното население и поддршката од воздух,а кои спасуваа луѓе, но и го гаснеа огнот на сите страни низ селото. Владев вели дека пријавувањето на штетите од големиот пожар во општината е до крајот на месецов.Тој додаде дека во  црквите и Црвениот крст во Свети Николе  се уште има пунктови каде се прибираат донации. Невладини организации, приватни лица, како и општествено одговорни компании веќе ја покажуваат својата солидарност на дело.

-На граѓаните во тој дел најнормално им се потребни хигиенски средства, мебел, резервни делови за машини, пелени и храна, вели Владев.

Посочи дека години ќе бидат потребни за да се обнови она што огнот пеплоса се пред себе низ селата во Светиниколско, но и во делот на растителниот и животинскиот свет. 

Можете да прочитате

Прекин на струја предизвикан од пожар во Кисела Вода – можни прекини на водоснабдувањето

Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода: Повредени неколку лица

Стефан Лазаров откри дека е болен – еве што се случува со јутуберот