Утрински Весник
Свет

Во Србија властите со иницијатива децата во училиште да носат униформи во боите на државното знаме

20240525110717 Big 730x400 30.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српската министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски денеска изјави дека нејзината иницијатива за воведување училишни униформи во основните училишта не е обид некому нешто да се наметне. 
„Да речеме училишни униформи во боите на нашата тробојка, зошто да не. Мислам дека таа почит треба да ја вратиме во основните училишта“, рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.

Таа објасни дека тоа ќе биде обид да се создаде дијалог со училиштата врз основа на препораката, за да се „објасни колку е таа важна“.

„Ние не сакаме никому ништо да наметнуваме, ниту некој да го изедначиме, но треба да има ред, децата да чувствуваат ред. Децата во воспоставениот ред подобро функционираат, подобро растат, имаат подобри навики, имаат некои правила кои тие следат кога ќе научиш да почитуваш одредени правила, се однесуваш многу поодговорно во животот“, изјави Ѓурѓевиќ Стаменковски за телевизијата Пинк.

 Од друга страна, според неа, буџетот на родителите би бил порелаксиран, бидејќи сите деца би биле соодветно облечени за на училиште.

Таа додаде дека за сето тоа ќе разговара со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп