Утрински Весник
Балкан

Во Србија од денеска на повеќе делници од автопатите на камионионите им е забрането претекнување

20240821110320 Big 730x400 55.webp.webp

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека од утрово е забрането претекнување на камиони на обиколницата околу Белград, како и на неколку други делници од автопатиштата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-На обиколницата околу Белград, како и на одредени делници од српските автопати, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура од утрово забрани претекнување на камиони. На овие делници камионите неможат да престигнуваат други камиони, како ни патнички возила. Поставивме сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите на камиони за делниците каде што е забрането претекнувањето.Тоа беше лоша навика на камионџиите со коja ги доведуваа во опасност својот и животот на друте учесници во сообраќајот, истакна Весиќ.

Забраната за престигнување за товарни возила е јасно означена со сообраќајна сигнализација, а поставена е на повеќе делници од автопатиштата, соопшти ресорното министерство.

-Станува збор за делници од клучката Белград до клучката Бубањ поток, односно на обиколницата околу главниот град, како и делот од клучката Ковиљ до клучката Бешка, во реонот на мостот „Бешка“ над Дунав, рече министерот.

Тој додаде и дека забраната се однесува на делот од автопатот Е-75 од клучката Стара Пазова до клучката Пожаревац, како и од клучката Предејане до клучката Владичин Хан, во областите на мостовите Џемин До и Врло.

Камиони не смеат да претекнуваат ниту меѓу клучката Сурчин Југ и клучката Уб, ниту од клучката Шимановци до клучката Белград, ниту меѓу клучката Хртковци до Шабац.

Весиќ наведе дека вкупниот број на сообраќајни незгоди во кои учествувале камиони на одредени делници од 2016 до 2022 година изнесува 805.

-Затоа ова е само почеток. За да се промени оваа црна статистика, донесена е оваа мерка. Ќе ги следиме ефектите што ги имаме врз сообраќајот во наредниот период и врз основа на тоа ќе донесеме одлука дали претекнување со камиони ќе биде забрането на некои други делници од автопатиштата. Престигнувањето на товарни возила на автопатите, како меѓу себе, така и за патничките возила, го успорува сообраќајот, но пред се ја загрозува безбедноста на сите возачи на уште повисоко ниво, рече министерот Весиќ.

Можете да прочитате

Драма во Зеница: Маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба

Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите

Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад