Утрински Весник
Балкан

Во Србија од денеска е достапна онлајн платформа за следење на цените во трговските синџири

20251209113144 big 730x400 17.webp.webp

Во Србија од денеска е достапна онлајн Националната платформа што следи цени во малопродажните синџири. Националната платформа е поместена на сајтот на Министерството за внатрешна и надворешна трговија, а граѓаните можат на неа да ги видат сите цени.

Националната платформа со ценовници на трговските синџири се применува согласно „Уредбата за посебни услови за тргување со одредени видови стоки“, јавно наречена „Уредба за ограничување на трговските маржи и други бенефиции“. На неа граѓаните ќе можат да добијат информации за сите цени што ги интересираат.

Платформата објавува ценовници што трговците ги доставуваат до Министерството еднаш неделно, во согласност со обврските пропишани со Регулативата, така што потрошувачите ќе имаат транспарентен увид во понудата и промените на цените.

„Граѓаните од денеска ќе можат секојдневно да ги следат цените во малопродажните синџири преку Националната платформа за цени, односно да видат колку производи се на распродажба секоја недела, како се движеле цените во изминатите месеци, но и да ги споредат моменталните цени во различните малопродажни синџири и да го изберат најповолниот“, изјави министерката за внатрешна и надворешна трговија Јагода Лазаревиќ.
Според неа, регулативата за ограничување на цените веќе даде резултати, што е потврдено и со најновите податоци за инфлацијата.

Платформата е дел од напорите во Србија за зголемување на транспарентноста на пазарот и олеснување на потрошувачите да ги изберат најповолните производи.

Можете да прочитате

АМСМ: Во прекин сообраќајот на ГП Евзони, нормализиран на преминот Меџитлија

Врховниот суд на Грција бара од обвинителите да интервенираат доколку земјоделските блокади ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот

Вучиќ ја исклучи промена на Уставот: Размислува за наследник и премиерска функција