Утрински Весник
Балкан

Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад

20241212072835 Big 730x400 2.webp.webp

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави вчера дека до денеска напладне ќе биде објавена целата документација што ја добило обвинителството во врска со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Според него, со тоа ќе се исполни главното барање на студентите кои блокираат факултети.

Во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија, Вучиќ рече дека станува збор за осум големи регистратори и вкупно 195 документи.


Тој истакна дека студентите секогаш можат да ја добијат документацијата и дека лично ќе им ја предаде, само треба да си изберат свои претставници, а документацијата, како што рече, нема да падне во погрешни раце. Тој побара од премиерот Милош Вучевиќ и идната министерка за градежништво Александар Дамњановиќ Софронијевиќ да ја објават документацијата на веб-страници.

Претседателот на Србија изјави и дека на местото на несреќата на Железничката станица во Нови Сад ќе биде поставен споменик на жртвите. Вучиќ рече и дека во претходните четири години биле вложени 426 милиони евра во „групи на притисок“ кои, според него, сакаат „да ја сменат Србија и да ја соборат власта“.

Околу 40 државни факултети на четири универзитети во Србија официјално се под блокада, а студентите им оддаваат почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад блокирајќи ги патиштата петнаесетина минути. На блокадите вчера се приклучија и студентите на Бизнис школата во Нови Сад, Електронскиот факултет во Ниш и Природно-математичкиот факултет во Крагуевац, а истото го најавија и студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студенти на ФДУ. Студентите добија поддршка од Универзитетот во Белград, бројни професори, активисти, земјоделци и политички партии, како и граѓани.

Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите.

Бранот студентски протести во Србија беше поттикнат од насилството врз учесниците на комеморативните собири за 15-те жртвите, кои настрадаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Студентите на универзитетите во Белград и во Нови Сад од 2 декември ги блокираат зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од белградскиот Факултет за драмски уметности беа нападнати за време на комеморативниот собир.

Во надеж дека ќе го „запре множењето на демонстрациите“ во Србија откако на 1 ноември се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад и загинаа 15 лица, претседателот на земјата, Александар Вучиќ, вети дека ќе ги објави сите документи поврзани со реконструкцијата на тој објект, пренесе Бета извештај на агенцијата Франс прес.

АФП забележува дека „неколку стотици студенти“ демонстрираа пред зградата на Претседателството во Белград, додека Вучиќ оттаму и се обрати на јавноста и рече дека „целата документација, сето она што обвинителството има на располагање“ ќе биде обелоденето денеска.

Агенцијата посочува на реченицата на српскиот претседател од „националистичката десница“ дека решил „да одговори на ова барање, важно за вистината, за фактите, за се што мора да се случи (…) за да се најдете ги оние кои мора да преземат одговорност“ .

Француската агенција посочува дека две кинески компании, China Railway International и China Communications Construction, биле дел од конзорциумот избран за оваа работа, заедно со француската компанија Aegis и унгарската Utiber, пренесе Бета.

Можете да прочитате

Во Специјалниот суд во Белград ќе биде објавена пресудата за масовното убиство во Дубона и Мало Орашје

Опозициски политичари го блокираа влезот во зградата на полициската управа во Нови Сад, полицијата грубо ги оттурна

Два земјотреси ноќеска го потресоа Косово, едниот со јачина од 4 степени според Рихтер