Утрински Весник
Спорт

Во сообраќакна несреќа загинаа седум навивачи на Коринтијанс

Во сообраќакна несреќа загинаа седум навивачи на Коринтијанс

Седум навивачи на Коринтијанс трагично загинаа кога автобусот во кој патуваа на гостувањето доживеа сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Коринтијанс му беше домаќин на Крузеиро во Бело Хоризонте, а таму ја имаа поддршката од своите верни навивачи. Но, за жал, по враќањето дома, автобусот се превртел, а животот го загубиле седум лица.

Уште 36 патници се тешко повредени, а во автобусот имало вкупно 46 навивачи. Очевидци изјавија дека автобусот не можел да закочи и се превртел во обид да избегне судар со друг автобус.

Коринтијанс изрази жалење за несреќата и изрази солидарност со семејствата на жртвите. Сочувство изразија и неколку други бразилски фудбалски клубови.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој е фан на Коринтијанс, изрази сочувство до семејството и пријателите на жртвите.

Натпреварот помеѓу Крузеиро и Коринтијанс се одигра синоќа во 2 часот по средно-европско време, а заврши со резултат 1:1. Недолго потоа се случи голема несреќа во која загинаа навивачи на славниот тим.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина